Ѓубрето со селекција ќе се претвора во пари

За една година во депонијата Алици

Градоначалникот Борче Јовчески потпиша договор со компанијата Техниџ-еко од Хрватска за набавка на опрема и доградба на фабриката за отпад кај депонијата Алинци. Инвестицијата од над 800 илјади евра е сериозен чекор за модернизацијата и зголемување на капацитетите за управување со отпадот во Прилеп и регионот. За една година ќе стигне и ќе биде инсталирана  современа опрема за ефикасна и еколошки прифатлива селекција на отпадот.

Халата веќе се доградува. Ќе се смести нова технологија за намалување на отпадот и претворање во секундарни суровини. Со тоа не само што ќе се штеди за транспорт на отпадот за новата регионална депонија кај селото Новаци, туку и ќе се создаваат дополнителни приходи за Комуналец.

Фабриката за селекција на отпад почна да се гради пред речиси десет години, а се стопира во 2018 година. Доселекцијата на корисниот отпад сега се врши во импровизирана хала со мануелно одвојување и со балирање на 50 тонска преса.

Loading