Даниел Мелвил Македонска рапсодија 82

Му беше експроприрана куќичката на Киро Цепачо. Наместо да му се даде друга, му се платиле скромна сума пари. Човекот одеднаш се најде во во ненавикната ситуација. Сестра му Цвета исчезна во некаков старски дом. И Киро исто така. Во такви домови исчезнаа практично сите градски бескуќници, што не беше лошо, доколку беа третирани хумано.

Како гимназијалец отидов, не знам зошто, во македонскиот главен град Скопје. На една од централните улици, што го носеше името “Јосип Броз – Тито”, на аголот од една од зградите го видов Киро Цепачо. Стоеше како да се крие од некого. Срамежливо го протегаше десниот грст, молејќи без збор да му се даде милостиња. По навика од детството, му викнав: “Чичко Киро, што правиш во Скопје?”. На мое изненадување, човекот се стресе исплашен. Ја крена наведнатата глава и се загледа во мене со своите бледо-модри изгаснати очи. Ме гледаше, молчејќи. Не изгледаше дека се сети кој сум. Му текна кога му кажав од каде сум и од која фамилија. Не ми рече ниту збор. Немав пари, та не можев да му помогнам. Можеби му дадов една-две цигари. Не се сеќавам. Беше видно исплашен. Од што? Од селаните милиционери, прости и груби, или од некаков дом за сиромаси каде луѓето биле лошо третирани? Не ми одговори. Го поздравив и си отидов.

Минаа децении. Уште го памтам Киро Цепачо. Се прашам колку такви Цвети и Кировци имаше во револуционерната и социјалистичка еуфорија? Човекот живееше во своја куќа со двор и градина. Лебот го вадеше со својот труд. Не му беше лошо. Дури и се гордееше со способноста, со својот занает. Кога сакаше да зачади цигара, во парче весник или клозетска хартија стуткуваше качак. Ја палеше цигарата. Таа беше негова цигара, негов тутун, купен со заработените пари со чесна работа. “Новата хуманост” го лиши тој човек од сé. Дури и од најважното, уважението кон самиот себе си. достоинството. Го фрли на улица. Киро не беше многу интелигентен, ниту писмен, туку спротивно. Со работата беше полезен на другите, свесен беше и задоволен заради својата корисна улога во општеството. А општеството, ново, “подобро” го згази, го уништи, иако беше пролетер. Киро Цепачо го заврши незаслужено својот скромен живот, тивко, дискретно, без револт, како питач по скопските улици.

Овие редови му ги посветувам нему. Тоа е најмалото нешто што може да се стори за него и за луѓето како неговата судбина.

Матилда

1925 година. Младото летно сонце од својот азурен пат по небесниот вршник испраќа, преку своите златни зраци, топли бакнежи до сините бранови на Јадранското Море. Меѓу патниците на параходот што тргна од Драч во Албанија, за италијанскиот град Бари, е и Гаро. По македонската традиција за давање прекари или бојни имиња, тој повеќе беше познат под тоа свое име, отколку по својот вистински идентитет. Наведен над оградата од палубата гипие пиеморето со очите, небото. Можеби се прашуваше дали дебелите сини води под небото, или, пак, азурниот свод му го дал на морето својот бескраен модар лик. Боите отсекогаш го фасцинирале Гаро. Иега со големо внимание, како и што често му се случувало, ги студира нијансите што се прелеваат една во друга, се мешаат меѓусебно…

Во девет часот коработ стигнува во Бари. Во последниот момент Гаро го испушта возот за Рим. Што да прави сега?! Тој воз беше единствениот со кој можеше на време да стаса на тајниот состанок, конгрес на кого го испрати да присуствува Организацијата. Таа не проштава пропусти Револуција и ослободителна војна се прават со дисциплинирани, решителни, сериозни и точни и луѓе. Со такви активисти Македонија моја да се бори против своите блиски и далечни, јавни и тајни непријатели. Само со различните форми на борба, една нација може да си избори место под сонцето меѓу другите народи на светов управуван од свирепите закони на селекцијата, за која зборува Чарлс Дарвин во својата теорија. А во расчеречена Македонија беснеат нејзините окупатори: тепање, убиства, тортури, силувања, грабежи, палежи, присилна асимилација и емиграција, геноцид…

(продолжува)

Loading