АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Сами си пишуваат закони, но ниту нив ги почитуваат.

*

Идејата може да се оплодува само без идеологија.

*

Знамето на љубовта не може никој да ни’ го смени.

*

‘Рѓата не може да го замени златото иако има купена диплома.

*

Секогаш бидете околу скалите кои водат нагоре.

*

Кога имаш еден телевизор имаш и домашен ТВ – уредник.

*

Принцот на коњ никако го нема да пристигне. Коњите заминале кај други јавачи.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading