Се возат Тале и Талејца во кола и на една ливада гледаат овца и овен, па Тале зајадливо и вели на Талејца:
– Талејце, да не ти се роднини оние?
– Да, свекор и свекрва!
Зборуваат Тале и Целе:
– Го знаеш она чувство кога ти идат лиги од мирисот на ќебапчилница?
– Да!
– Епа се прашувам дали вегетаријанците го имаат истото чувство кога гледат како некој коси трева?
Натпис во лифтот:
– Го сакам Тале!
Подолу:
– Тале е геј, глупачке!
Најдолу:
– Не сум глупачка, туку глупак!