Уникатни градби и зеленило

Орадеа

На северот на Романија се наоѓа градот Орадеа. Сместен во историската покраина Кришана. Живеат околу 200 илјади луѓе. Најбројни се Романците, па Унгарците. Мал дел се Роми. Некогаш имало значајна еврејска заедница, која речиси потполно е исчезната. Сведок се повеќето синагоги.

Во градот се видливи двојазичните табли. На секој чекор се слуша унгарскиот јазик. Градот е уреден град со полно паркови со зеленило. В очи паѓа тврдината, а пред неа новата бискупска катедрала Воскресение Христово.  Тврдината е стара девет века. Била воено утврдување, цитадела. Сега е реконструирана со видливи различни архитектонски стилови од романтизам, до готика и ренесанса. Во дворот сележат моштите на бројните кралеви. Нема нешто посебно во внатрешноста, освен музеј и сувенирница. Локацијата се користи за саеми и други манифестации.

До центарот води улица полна со дрвореди. Прв е плоштадот на обединувањето. Тој е  простран и среден, поплочен и со многу цветни градини.  Се забележува мултикултура. Туристите првин влегуваат во римокатоличката црква, па во грчкокатоличката катедрала и црквата Вознесение на Марија. Сите се во барокен стил. Црквата има златна кугла на која се  прикажани промените на месечината. Затоа ја викаат Месечева црква. Плоштадот плени со импозантните реконструирани градби. Најубава е грандиозната палата Црн орел. Таа е ремек објект од 20 век. Била театар, казино и сл. Денес е хотел со приземје со продавници, кафулиња, ресторани.  Од другата страна е Градската куќа. Нејзината кула е висока 50 метри. Таа е извонреден објект со панорама на целиот град. На секој чекор се уредените зелени и цветни површини, фонтани. Прошетката води преку мостот на реката Брз Кереш. Оттаму е фасцинантен погледот  на една од синагогите од 19 век и шеталиштето крај реката. Набрзо патот води до државниот театар, “завиткан” со столбови посветени на трагедијата и комедијата. Блиску е Арт Ноевата палата и хотелот Астрија. На пешачката зона се бројните кафулиња, ресторани, продавници. На почетокот е споменикот од бронза, кој ги претставува локалните поети, па палатите Аполо, Штерн, Москович… кои се свежо реновирани.

Тука завршува разгледот на Орадеа. Претстои одмор со вкусовите на локалните специјалитети, и можност за купување сувенири. Градот привлекува туристи не само заради старата архитектура, реновирана во поново време, туку и поради комбинацијата на градби, паркови и зеленило.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading