Фудбал: Големо Коњари
Фудбалското место Големо Коњари по 31 година доби екипа во Втората лига на Македонија. По овој успех мобилно е не само во клубот Големо Коњари, ами и во целото место. Целта е клубот да зајакне финансиски, а игралиштето да биде реновирано за да се исполнат барањата од Фудбалската федерација на Македонија. Веќе беа организирани работни акции со вклученост на жителите, така што се рамнеше теренот, се корегирааа головите, се реновираа соблекувалните, а секако дека ќе се преземе нешто и околу трибините.
Новости од клубот се очекуваат и во врска со играчкиот кадар, бидејќи во тек е преодниот рок. Во поглед на тренерското место проблемот е решен – доведен е Јовица Блажески од Македонски Брод.