Против Французинка и Русинка

Борење: Европско кадетско првенство

Самото учество на високо меѓународно натпреварување многу значи, така и на двете членки од Боречкиот клуб 7 Мај, Тамара Цветкоска и Ангела Трајкоска. Тие, како македонски репрезентативки, беа дел од Европското кадетско првенство во борење за слободен стил во Скопје. Иако двете загубија на стартот, искуството е добредојдено, бидејќи се спротивставија на ривалки од големи држави – Цветкоска на Теа Амбре Русел од Франција до 61 кг., а Трајкоска на Анхелина Буркина од Русија до 49 кг.

На Европското првенство беа 800 натпреварувачи од 40 држави.

Loading