Прилепски и српски пензионери пееја “Македонско девојче”

Песната “Македонско девојче” ечеше од грлата на неколку десетина пензионерите од Прилеп и Врњачка Бања на полувековниот концерт во ЦК “Марко Цепенков”, каде КУД Пензионер при асоцијацијата на пензионерите ја одбележа педесетгодишнината. Уште од 1975 година пензионерите, здружени во музичко друштво, музицирале, се дружеле и развеселувале со познатите рефрени.

Првин се запеа “Прилепе, граде мој”, продолжувајќи со македонскиот традиционалниот народен мелос на славениците. Домќините беа гласовно засилени со пензиопнерките од Преродба со две староградски нумери. Програмата ја збогати младата прилепчанка Милена Јованоска.

Гостите од Врњачка Бања, хорот при КУД Абрашевиќ, ја отпеа хорски песната “Елено ќерко”, на македонски јазик. Хорот, која беше испратен со аплаузи и овации, веќе третпат е во Прилеп. И нашите биле гости во Врњачка Бања. Гостите информираа дека од минатиот век прв претседател на хорот бил нашиот сограѓанин Ванчо Рутески.

Во отсуство на претседателот Славко Трајкоски, заради здравствени причини, госите ги поздрави Димче Настоски, претседателот на Собранието на ЗП.

                .

Loading