Ракомет: РК Прилеп
Заврши плејаутот од Супер лигата, но не завршија новостите поврзани со Ракометниот клуб Прилеп. Новости има и во врска со тренерскиот и со играчкиот дел. Во поглед на позицијата тренер, од клубот откриваат дека се во преговори со неколку кандидати. Меѓу нив не е Страшо Илиоски, досегашниот шеф на Стручниот штаб, бидејќи договорот со него бил до крајот на претходново првенство. Доколку остане во клубот, би бил на друга позиција, а нема да работи со сениорската екипа со која го освои 2. место во плејаутот, 8. место вкупно во Супер лигата.
Од играчкиот кадар заминати се тројца – левото крило Давид Трајкоски (Алкалоид, Скопје), десниот бек Никола Шипинкоски (Охрид), левиот бек Ангелчо Органџиев (?), а дојдени се двајца – грузискиот десен бек Сандро Дарсанија (Португалија) и црногорскиот десен бек Божидар Лековиќ (Азербејџан).
![]()

