Пивофест од 18 до 20 јули

Надалеку познатата манифестација на пивото и скарата, со добра музика се враќа на стариот долгонегуван термин, во јули, во првиот викенд по петровденските пости. Од 18 до 20 јули, не само прилепчани, туку и многу гости ќе уживаат во освежувањето со ладно пиво, после добриот мезалок со вкусна скара. Ќе го организира здружението „ВИБЕ ЕВЕНТ” од Прилеп во соработка со Општината.

Ексклузивно дознаваме дека задолжен за кулминација на пивската забава ќе биде Харис Џиновиќ кој ќе настапи в сабота, на 19 јули.

За љубителите на горчливиот пивски вкус, организаторот најавува понуда на 10 видови пиво. Покрај македонските, ќе има грчко, српско и босанско пиво.

Се очекува дел од тродневната програма да бидат Слаткар и Дамјан Стојаноски. Најавено е и враќање на алтернативната програма на Камената бина со програма до 3 часот наутро.

Локацијата е во центрот..

Организаторите ветуваат враќање на стариот сјај на Пивофест.

Loading