Фељтон: Томе Велјановски
Према кажувањето на останатите овчари, тие не слушнале повик за помош. Него нивните овчарски кучиња истрчале да лаат во утринското време во местото Чалите. Додека, кај народот се слуша разни верзии за тој втор несреќен настан. Да за тоа се прави некое иљје, некоја кражба во врска со млекото се кради. Сите искажани фрази од страна на народот за првиот и вториот настан за случајот за булукот од страна на Трајан не се точни.
Додека волкот или глутницата волци во утринското време го зачекале булукот сам враќајки се од по ноќен лов од по полето, ги зачекале овците сами без пастирот сами кој бил сигурно заспан некаде благодарение на кучињата од другите овчари, овците биле спасени од поголема катастрофа. Така е со сигурност, за неговата лажно искажана страна. Трајко пастирот преку денот како црковен притруп преку денот повеќе време се задржуваше во црквените простории, него да преспива преку денот.
Како и да беше со тој напад волкот или волците му закла осумнаесет овци на два пати. Голем страм ни нанесе во нашата куќа, ние во куќата одеме со наведени глави пред секого во нашето село. Ние полските работници од целокупниот полски бериќет сработиме 7 000 килограми жито со срб и коса ожнеано, со коњи вршено и 1 200 килограми тутун. За нас немаше иљје и други неправилности и треба очи отворени.
Времето лета, месецот јули при крајот со повеќе врнежи. На секој две седмици имаше врнежи. Вршењето одеше потешко од влагата. Еден јулски ден при крајот, денот и датата не се забележани, ние вон ашето гумно вршеме пченица односно снопови. Одеднаш се појавија прилично облечени во нова црна носија нашите комши со китки цвеќиња во рацете, Јованоски Димитрија Јоноски и неговата му сопруга Димитрица Илина. Застана, ни е благословија работата во нашето гумно и ни кажа да мајка е на Илина Мојсојца Колеска Неда родена Никоска од с. Лопатица, прилепско починала на осумдесет години од ненадеж, здрава.
Мојсојца Неда Колеска живееше како вдовица дваесет иедна година заедно при синот Веле каде имаше внуци и внуки и правнуци. Неда Мојсојца Никоска и Трајана Степаноска сега Ристејца Велјаноски мајка на татко ми се деленици. Неда Никоска на Трајана Степаноска му е прва брачеда на Николе Степаноски од два родени браќа Стојан и Степан. Додека Неда и Трајана се врснички родени во иста година во 1879-та. Во истата годишна возраст беше и Ристана Декароска – Дамјаноска, кај народот беа познати како Лопатичка тројка која исчезна, повеќе не постој.
Наредниот ден Неда Мојсојца беше погребана со голема поворка од народ на чело со свештеникот Смилевски Ванѓел од с. Добрушево. Месарица и беше Танеска Ристејца Велика родена Кржеска во с. Подмол, внука од сестра на починатата Неда Мојсојца Колеска. Додека свеќарка и беше Петреска Јованица Ѓурѓа родена Грозданоска од с. Лопатица, комшица на починатата Неда во родното му село Лопатица, прилепско. Неда Мојсојца е погребана во марулските гробишта во Колескиот оддел – парцела.
После половината месец август Јошески Блаже домазетот кај Јанковци фамилијарно се исели во Прилеп во ново направената диво градена куќа над старите прилепски гробишта во населбата Штавичко маало. За почеток на новата учебна година 1959/60, Блаже и неговата втора сопруга Ѓурѓа родена Делоска од с. Штавица за новата учебна година Блажо и Ѓурѓа Блажејца на школовање ги пуштија четирите деца, посиновите Ванѓел и Илија за во петто одделение, а додека неговите биолошки деца, Дончо во трето одделение и Ќиро во прво одделение.
Запишани нови ученици за во прво одделение за учебната година 1959 година во основното училиште Велјан Новачески во с. Марул:
1. Атанасоска Танева Киска Танеска;
2. Атанасоски Алексов Ѓорѓија Гога – Џорџ Танески;
3. Јованоска Алексова Загорка Курелоска;
4. Јованоска Ванѓелова Илинка Курелоска;
5. Јованоски Димитријов Арсе Курелоски;
6. Јованоска Лазорова Благуна Тодороска Курелоска;
7. Јовчески Ванѓелов Цветан Велјаноски;
8. Павлески Игнев Славе Јоноски;
9. Петреска Атанасова Марија Мурџеска;
10. Ристеска Дончова Благуна Јанкоска;
11. Ристески Ладев Тане Јанкоски;
12. Ристески Димков Костадин Танески;
13. Ристески Орданов Алексо Танески;
14. Стојаноска Ѓорѓиева Илинка Котеска.
Во половината на месецот септември Петрески Крсте Бабјак доби воена поканаза отслужување на редовниот воен рок, две години во ЈНА. Крсте оженет пред две години за Пажеска Димкова Даница од с. М. Рувци со која има едногодишно машко дете со име Гоце. Крсте воениот рок ќе почни да го отслужува при крајот на месец септември.
Неговата сопруга Даница и синот Гоце се уште неподелени, ќе останат при неговите родители Петре, Трајана, при братот Димитрија, сната Димитрица (Драгица) и внучињата Цане, Пецо, Донка и Аце.
Дочек на селската слава Рождество на Мала Богородица во 1959 година и дочек на есенската календарска сезона
Марулските домаќинства пред дочекот на денот Мала Богородица имат голема работна обврска, берење тутун вршидба, градинарска работа, варење ракија, берење грозје за пијалок. Ако времето одговара, берење сончоглед, пченка итн. За да се намалат полските работи многу домаќинства земат по род девојки наречени поседалки за помош за да ги намалат полските работи. Сепак зависи од временските услови.
Квечерината пред прославата почнува со доваѓање на вечерните гости, некој пешки, некој со запрежни возила со коњи, прапорците одѕвонуват со товарити добици со моторни возила, само со мотор ии велосипеди, дојдените гости си има одредени конак каде гостинуват таа вечер. За кратко вечерно време, селото веќе се наполни со гости. Се познаваше по тоа, сета младина беше вечерта на средселото во разонода со песни и ора изведени од страна на тогашните марулски свирачи. Кларинетистот Нацко, Симон и тапанџијата Петре. Вечерната веселба на средселото траеше до пред да се оди за вечера.
Наредниот ден за славата, денот беше сончев. Вечерните гости со домаќините отидоја в црква поради имаше пеанија, богослужбена литургија од страна на редовниот свештеник Смилески Ванѓел од село Добрушево, каде имаше и причестување на некои постари лица. После завршувањето на сите адети кај гробиштата и црквата, народот си разотиде по куќи за доручек. По марулска традиција кога има секакви пеанијаво црквата, надвор до гробиштата и црквата, нема весела музика, е мирно.
Сите патови кои го поврзуваат Марул доваѓат гости пред доручекот, селото се дополни со нови денски гости. Можиме слободно да кажиме, повеќето гости кој доваѓа од секогаш во Марул беа од следните села: Бонче поделено, с. Штавица, од Лопатица, Подмол, Добрушево, Ношпал, Клепач, Тополчани, Шелеверци, Ерековци, Канатларци, додека М. Рувци, Алинци беа поделени меѓу Марул, К. Село и Штавица. Имаше гости и од подалечни села, поретко. Исто така, повеќе гости доваѓа од градовите Битола и Прилеп. Штотуку се заврши со доручекот на средселото, тропна тапано од Мурџески поддржан исто така од кларинетистите од Нацко Мурџески и Симон Чонески. Откако тропна тапанот за многу кратко време средселото се иполни од народ поготово со младеж.
Продолжува