Павлески во гигантот Алкалоид

Шах

Младиот, 16-годишен Никола Павлески стана член на гигантот од Скопје, Шаховскиот клуб Алкалоид, бившиот европски шампион, актуелен европски вицешампион. Момчето досега беше член на ШК Прилеп, од каде е позајмен на скопскиот клуб за наредните две години. Трансферот е само потврда дека се работи за талентиран играч со голема перспектива. Иако има само 16 години, моментно е учесник на Државното првенство до 18 години, во Струмица. Таму, меѓу 13 пријавени, е на второ место според стартниот рејтинг.

Од прилепчаните долго време член на Алкалоид е ВМ Звонко Станојоски, а претходно таму беше уште само ИМ Тони Кироски.

Loading