Фудбал: Победа
Преодниот рок за фудбалерите почна на 15 јуни, па тоа е почеток и на очекувањата во врска со Победа. По доаѓањето на новиот УО очекувањата се големи. Меѓу клупските симпатизери се спомнува враќање на докажани, искусни фудбалери, прилепчани, коишто можат да помогнат за екипата да се подигне високо на табелата. Но, исто така се спомнува дека ќе се задржат и досегашните млади фудбалери, коишто дадоа придонес во досегашната цел – опстанокот во Втората лига.
Сепак, првите новости се во спротивна насока, кон разделба со неколку играчи. Прв што е спомнат и официјално е Метин Ќерими, кој одлучил да замине откако одигра во екипата пролетва, до 24 март.
Летниот преоден рок ќе трае до 6 септември.