Најдобра “12”  на МНТ

На  59-от МТФ Војдан Чернодрински”             

Со доделувањето на награди и изведбата на претставата “Вистината” на театар Комедија – Скопје, во ЦК “Марко Цепенков” се спушти театарската завеса  на годинашното 59 – то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. 

Претставата “12” на МНТ од Скопје беше добитник на наградата за уметничко остварување на претстава во целина . За нае се додели и  специјална награда за колективна актерска игра.

Според претседателката на жирото Лилија Абаџиева, претставата имала внатрешна вистина на преживување, психолошка праведност и одлична актерска игра.

Беа доделени и други награди. За рекламен материјал, награда доби Медина Хоџа за “Слепци” во изведба на Турскиот театар од Скопје. За кореографија и сценски движења Васил Зафирчев за “Рацин” на Велешкиот театар. Наградата “Филип Стевановски” ја доби Сашко Костов за музиката во претставата “Рацин”. За костимографија Самка Фери за претставата “Ричард трети”  на Албанскиот театар  од Скопје. За сценографија, награда доби Валентин Светозарев за “Рацин”. За современа сценска драматизација и адаптација  е наградена Јелена Цветановска за текстот на претставата “Црно семе” на Битолскиот театар. За современ драмски текст се закити со награда Ана Ристоска Трпеноска за текстот “Парови” во изведба на Драмскиот театар од Скопје. Наградата за млад актер, “Трајко Чоревски”, отиде во рацете на Атанас Атанасовски за улогата на Оскар Медисон во претставата “Пар-распар” во театарот Комедија од Скопје. Најуспешна млада актерка е Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата “Слепци”. За женска епизодна улогаотиде кај Маја Љутков за улогата на Гвендолин Пиџн во “Пар распар”. За машка епизодна улога “Димче Трајковски” најдобар беше Оливер Митковски со улогата на 10 во претставата “12” на МНТ од Скопје. За главна женска улога, наградата отиде кај Марија Минчева Андонов за улогата на мајката во “Сите прекрасни нешта” на штипскиот театар. Најуспешна главна машка улога  имаше Мартин Мирчевски за улогата на Доне Совичанов во “Црно семе”. За режија доби Ќендрим Ријани за за претставата “Слепци” на Турскиот театар.Наградата од публиката со оценка 5 ја доби претставата “Слепци” на Турскиот театар.

Loading