Динамична градба на патот Прилеп – Битола

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека автопатот Прилеп – Битола до крајот на овој месец повеќе од 85 отсто од трасата е завршена од аспект на истраги поврзани со пронаоѓање на експлозивни направи и  имотно-правни односи/

– Се следат роковите, се забрзува градбата во споредба со пред една година. Отворен е фронт на дваесетина километри. Мислам дека ќе биде почитуван рокот од договорот – рече Мицкоски.

Според него е веќе решена надвиснатата карпа што претставува опасност на експресниот пат Градско – Прилеп, во делот Дреново – Фариш.

– Таа секција очекувам да биде пуштена до крајов на месецот. Таму пукна планината и надвисна карпа. Постоеше опасност, со време, да има, недај Боже, човечки жртви. Тоа е решено – рече Мицкоски.

Во земјава се градат 4 автопатишта долги 150 километри, Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола.             

Loading