Изложба
Вечерва од 19.30 ч. во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”ќе биде отворена изложба, насловена “Автопортрет” од Дарко Талески.
Се комбинира личната интроспекција и колективната интеракција, преку создавање интерактивни искуства кои се визуелни и когнитивни. Наместо традиципнален автопортрет, каде што гледачот е пасивен набљудувач, ова дело ги вовлекува на процес на интерактивна трансформација на ликот, идентитетот и неговото толкување. Огледалото овде не служи само како објект за физичка рефлексија, туку е алатка која, во комбинација со дигитални елементи, отвора нови димензии на самоспознавање и овозможува активно учество на гледачот во процесот на создавање на визуелни и мисловни творби, поставувајќи “фрагментирана реалност” во која се изложени различните аспекти на личноста.
– Проектот го доведува гледачот до интроспективно размислување, претставувајќи го автопортретот не како фиксна, непроменлива форма, туку како дело кое се создава заеднички, каде гледачот преку интеракцијата активно создава свои мисловни и визуелни творби – вели Талески.
“Автопортрет” не е само традиционална претстава на нечие лице, таа е процес на интерактивно истражување на себе си. Авторот успева да создаде простор за гледачот не само да го гледа својот одраз, туку и да ја “гледа” својата сопствена свест, поставувајќи нови прашања за сопствената природа и личност.