Колку повеќе одиш нагоре толку амбисот е подлабок.
*
И во брачните води има плима и осека.
*
Кога ќе ти ги извлечат зборовите од контекст, тешко ќе се извлечеш.
*
Нема договор со некој кој има барања перпетуум мобиле.
*
Глобализацијата дочека глоби…
*
И млади започнаа да зборуваат за старите времиња.
*
Рецидивите од минатото водат кон периферијата на Европа.
“Д-р Хаџи-Васков”