Со доделувањето на награди и изведбата на претставата “Вистината” на театарот Комедија од Скопје, вечерва на сцената од ЦК “Марко Цепенков” се спушта театарската завеса и завршува годинашното 59 издание на МТФ “Војдан Чернодрински”, кое донесе нови и смели решенија под мотото “Смеј се и осмели се”.
Беа прикажани девет претстави во официјална конкуренција и уште пет од независната продукција. Денеска напладне ќе бидат соопштени наградите што ќе бидат доделени вечерва.
На фестивалот се одржаа и програмата Драмолетење, промоции на театарски книги, монографии, како и програмата “Прилеп во фокусот – Музеј во движење”, со која се стави акцент на тројцата прилепски театарски уметници Кирил Ристоски, Благоја Спиркоски – Џумерко и Благоја Ристески – Платнар.
Впечатокот на редовните проследувачи на фестивалот е дека имаше успешно издание со различни теми, особено она што му тежи на современото општество.