Вицешампиони

Пинг-понг

Пингпонгарите на Младост 96 се вицешампиони на Македонија. Шампиони се од Крива Паланка, бидејќи тој клуб со 2:0 го доби финалето од плејофот. Се очекуваше подруг епилог поради подобриот биланс на прилепскиот клуб во основниот дел од Супер лигата. Меѓутоа во Прилеп, К. Паланка победи 4:3, дома со 4:1. Вкупно Крива Паланка доби 8 партии (Кристијан Станојковски 4, Ѓорѓе Петровиќ 2, Александар Јакимовски 1 и двојката Ѓорѓе Петровиќ/Кристијан Станојковски), а Младост 96 доби 4 партии (Ѓорѓе Борчиќ 3, Андреј Лашкоски 1).

Последен пат Младост 96 беше шампион во 2023 година.

Loading