Прва работилница за мозаик

Завршува првата работилница за мозаик за млади таленти “Мозаикот денес”, што минатите два дена ја реализираше ЦК “Марко Цепенков”.  Младите таленти, избрани од нивните наставници од училиштата, учеа како се работи мозаик. Децата се забавуваат и се дружат, создавајќи мозаици за трајна сопственост на Центарот.

 – Како искуство и позитивен исход од 2021 и од 2022 година, во Штип, реализираме проект да ги мотивираме младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност – вели Марјан Стојаноски, од ликовната дејност на Центарот.

Предавач беше м-р Александра Димитрова.

Loading