ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (292) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Сега веселбата е со познати меѓусебно ораџии и песнаџии, повеќето се марулци. Од ората, патосот од куќата се тресеше. Младинци и младинки девојки нафатени на ората, без прекин и одмор. Бошески Трајче, Колески Благоја, Павлески Коле и Павле, Раде Бабјак ем ораџија, ем песнаџија, Мурџески Богоја, Нацко и Петре тапанџијата, новозабеќарените ергени Јанкоски Атанас, Василоски Китан, Танески Методија и Спасе, Колески Цветан, Мурџески Коста, Чонески Симон, Дамјаноски Благоја и др.

Од страна на девојките од родот Јанкоски, Најденка, Илина, Бојана, Стева, Ракида, Донка Велјаноска, Верка Јоноска, Петкана Бабјакоска, брачедите на Верка, Павлески Спасија, Горица, Колесека Дуна, Мурџеска Алтана. Овде се наведени девојките кои беа вечерта кај Крстевци. За време за вечерата поред домаќините, дават вечера по традиција сите законџи, си носат есктра свои јадења. Мазник, пржени питулици со масло во тава викани мекици, месо или риби за печење. Од овие повеќе врсти на јадења сопствениците си разменуват меѓу себе, дури им дава на обичните свадбари кои не носат јадење. Откако се даде вечерата во времето пред полноќ, тишина, селските свадбари си отидоја дома за одмор и спиење. Свадбарите законџите и свирачите беа сместени за одмор.

Во понеделникот утрото, големиот девер и малото деверче добиват написмено ливче од домаќинот кои фамилии да бидат поканети како мили гости, одат и ги покануват.

Сите поканети гости се собират и добиват доручек кај домаќинот и веселбата после доручекот продолжува за преку денот со музика, ора и песни. На овие мили гости поред Јанкоскиот пород беа видени Чоневци, Павлески Ванчо со жената му Васка, Јанкоски Петре, осамен прв брачед од стрико на домаќинот Крсте и зето Илија Кадијата. На половината на денот, свадбарите со младоженците и музиката на посета кај кладенецот во Капиниште кој служи вода за пиење. Свадбарите со музика одеа и враќаа до кладенецот со музика, ора и песни. Со тоа да и покажат на невестата од каде се пие вода.

Откако се вратија од кај кладенецот, свадбарите, веселбата е продолжија во дворот Крстески со едно мало изненадување за сите развеселени свадбари, од чисто небо наиде едно мало облаче и попрска вода како попот со киската и си замина. Ама, народот има свои мисли, тоа било знак од младоженците, имале гребено грниња при некое јадење, една мала комична смеа. Кога дојде време за ручек, веселбата прекина во дворо, гостите свадбари влегоја дома. Во знак за ручекот Павлески Ванчо, прибрат на свекрвата Дуна, испука со ловечката пушка, два фишеци.

Спреманоста за ручекот беше јагнешка супа и јагнешко вариво, манџа и печено свинско месо во тепси во фурна. Јадењето подржано жешко и благ пијалок. После ручекот започна одењето на свадбата, милите гости во присуство на младоженците и музиката. Свирачите остана последни испратени од Јолески Благоја и неговата жена Илинка родена Јонческа во с. Боротино, брачеда на свирачите. Во кујната беше завршена работата од страна на куварката Менка и нејзините помошнички, ќерка е Илинка Атанасица Чонеска и Зора Дончојца Јанкоска. Свадбата на Трајче и Верка Јанкоски заврши со верски и национален обичај од нашиот крај. Спомените остануваат вечно.

Ученици кои го завршија основното образование, четврто одделение во народното училиште Велјан Новачески во с. Марул во учебната година 1958/59

1. Атанасоски Алексов Јосиф Танески;

2. Атанасоска Јованова Верка Танеска;

3. Атанасоски Дончов Сребре Танески;

4. Атанасоски Неданов Методија Танески:

5. Дамјаноски Ристев Јован Дамјаноски;

6. Здравески Атанасов Методија Чонески;

7. Јованоска Ванѓелова Аргида Курелоска;

8. Јовчесека Ванѓелова Верка Велјаноска;

9. Јошески Петрев Васил Котески;

10. Митреска Јованова Блага Мурџеска;

11. Мојсоска Ванчова Анѓелина Колеска;

12. Мојсоска Велева Лилјана Колеска;

13. Новачески Живков Велјан Димитријоски;

14. Павлески Игнев Миле Јоноски;

15. Петреска Ванчова Писана Бабјакоска;

16. Петрески Ванчов Китан Мурџески;

17. Ристески Алексов Илија Јанкоски;

18. Ристеска Дончова Ордена Јанкоска;

19. Стојаноска Ѓорѓијева Спасија Котеска.

Напад и масакрирање од страна на дивите ѕверови, волците на сточарот, пастирот Јовчески Трајко во месец јули во местото Веслец во 1959 година

Настанот за датото е заборавено, беше летото, во месецот јули. Јас си дојдов од орање, мешање на угарите, некаде во единаесет саатот, дента се спремав да доручам и да заминам на жнеење кај татко ми и двете сестри. Само што ги потерав воловите од пондилата нагоре да се одморат, напијат вода и да пасат. Мајка ми рече да ноќеска волците му ги нападнале овците во Веслец, му заклале повеќе овци, а не знам колку. Нејзиното кажување мене ме здрви. Кога е прашав мајка ми, каде е сега Трајан, таа ми одговори, отиде во Веслец да ги собира закланите овци. Јас наместо в поле на работа, скаменет отидов горе во Веслец и таму ги најдов марулските говедарчиња, дечиња Јошески Петрев Васил Котески и Ристески Дончов Сокле Јанкоски, и брат ми Трајан беше со нив. Направиле труд и ги собрале сите заклани овци од по местата Дробениот камен, Трнките, Кај барата, дури и до местото Гробот во број од 13 овци. Јас го запрашав брат ми Трајан како се догоди тоа, тој одговори, од пред него излегле волците од Осојот и ги потерале овците према бонечкото на брегот, овците се поделиле на два дела. Тој отишол по тие овци кои заминале во бонечкото. Волците ги потерале и колеле од тие овци кои останале во марулскиот сињор. Еден дел од тие овци, ноќта си дојдоја во нашето трло во Оградата во Цуцул.

Наши овци имаше заклано три овци, останатите заклани овци беа од други стопани. Брука голема, Трајан се водеше да волците не се плашеле од неговото викање, да биле млади стенчиња. Јас не се сложувам со неговото кажување. Тој има заспано, тие ги нашле сами овците и си играле со нив. Волкот е диво животно, бега од човечкиот глас и мирис.

Нападна стадото на пастирот Велјаноски Трајко по втор пат во местата Чалите. Датата за овој настан не е забележана, додека месецот е јули во 1959 година. Ние, четворицата полски работници, татко ни, двете сетсри и јас, како обично, си дојдовме вечерта од полската работа каде жниеме пченица во местата Алдашица по турски викано Токмајца, си дојодме дома, се измиме од дневната испотеност и седнаме за да вечераме, мајка ми Неда со увилен глас ни рече да ноќеска во местото Чалите, волците поново му ги нападнале овците на Трајан и му заклале пет овци.

Каде бил Трајан тогаш е прашаме, таа ни одговори, при неговото присуство, тие направиле штета.

Продолжува    

Loading