Нов тренер

Фудбал: Големо Коњари

Новиот второлигаш Големо Коњари има нов тренер, шеф на Стручниот штаб – Јовица Блажески од Македонски Брод. И досегашниот тренер Горан Касниоски ќе биде во клубот, заедно со Блажески, кој е ангажиран затоа што поседува А-лиценца. Најден е заеднички интерес, клубот за да го исполни условот од ФФМ, а тренерот за да исчекори во кариерата, бидејќи претходно има работено со млади категориии.

Почетокот на подготовките ќе биде во јули, а играчкиот кадар ќе има новости, покрај задржување на играчите, доведување на нови. Замина само Христијан Кукески – во Швајцарија.

Loading