Фудбал: Наместо Кадица
Нов третолигаш, претставник на ОФС Прилеп најавен е Млекар од Мало Коњари. Така е иако е поразен со 2:0 од Кадица (Забрчани) во финалето од плејофот за првак на ОФС Прилеп. Победничкиот клуб одлучи да не оди во повисок ранг, поради финансиската ситуација и состојбата со теренот во Забрчани. Клубот не сака да игра како домаќин на друго место. Што се однесува до Млекар, клубот има желба за влез во Третата лига – Југ, каде последен пат учествуваше во сезоната 2015/16.
Третолигашкото првенство почнува во септември.
![]()

