Концерти во ЦК “Марко Цепенков”

Чалгија саунд системво големата сала

Во големата сала од ЦК “Марко Цепенков” утревечер од 20 ч. целовечерен концерт ќе одржи групата “Чалгија саунд систем”. Влезот е слободен.

Бендот “Чалгија саунд систем” постои од 2008 година да истражува низ оставнината на македонската музика, да ги открие нејзините скриени тајни и звуци и да се вложи, одржувајќи ја во добра форма македонската чалгија без да се изневери традицијата. Во таквото музицирање и растење, како да ја откри најважната тајна која ја носи во себе чалгијата. Таа е одлепувањето од индивидуализмот и залепувањето за заедничкото убаво и добро.  Бендот првиот албум  го објави  во 2010 година, а  вториот во 2019 година со авторски поглед на нова чалгија со современи звуци. Пред две години направен е омаж на еден од последните охридски трубадури, Климе Садило, изведувајќи ги неговите незаборавни виолински делници без никакви додавки или преаранжирања, положувајќи го тестот на строгата охридска публика. Бендот наидува на одличен прием во Македонија, остварувајќи огромен број концертни настапи насекаде, како во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика на светот во Рудлштад, Германија.

Концерт на Трио Џентлемен

На 16 јуни, понеделник, од 20 ч. во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” целовечерен концерт “Македонска рапсодија” ќе одржи Трио Џентлмен, составено од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане  Дунимаглоски – тенор. Ќе се претстават со убав избор на композиции.

По урнекот на светските попкласични состави се трудат тој жанр на пеење првпат да го презентираат и на нашите простори. Различни ги прави тоа што  прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи. Освен класичните композиции, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп – класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За 9 години настапуваат низ цела Македонија и надвор.

Loading