Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани да аплицираат на некој од трите јавни повици од мерката поддршка за самовработување (претприемништво), со која се нуди висока финансиска поддршка, а во годинашните мерки посебен акцент е ставена на младите лица.
– Со историски висок буџет, зголемен за 7,5 милиони евра, и годинава во вредност од преку 40 милиони евра, како никогаш досега Владата ги поддржува младите да почнат бизнис или преку практикантство и обуки да стекнат разни вештини со што би се зголемила нивната вработливост и тие би биле поконкурентни на пазарот на трудот. Целта е задржување на младите во Македонија. Тие имаат пријател и партнер во Владата која ги поддржува. Најдобар доказ се бројните нови мерки за младите. Во останати мерки е предвидено најмалку 40 отсто од средствата да бидат наменети за младите лица – истакна Ристески.
Весна Пешова, заменик-директор на Агенцијата за вработување ги повика сите заинтересирани да аплицираат во некој од 30-те центри за вработување низ државата.
Интересот за мерката самовработување (претприемништво) е голем. Во првите два дена се доставени околу 1400 пријави.
Сите лица ќе добијат можност за стручно советување во креирањето на бизнис-план, како и обуките за претприемништво и менторството.
Јавните повици траат до 20 јуни. Во наредниот период ќе се објават други повици за другите мерки