Џудо
Во Охрид по 10. пат се одржа Меѓународен турнир во џудо. Џудо клубот Сеишин од Прилеп учествуваше во сите возрасни категории со 19 џудисти и успеа да освои 10 медали (2 златни, 2 сребрени и 6 бронзени). Златните им припаднаа на Тамара Илиоска кај кадетките и на Елдина Пупаловиќ кај помладите пионерки.
Клубот се подготовува за следните меѓународни настапи.