Божјиот дух ги уништува вирусите

Билката Божји дух е грмушка со силен мирис, сличен на рузмарин и лаванда. Карактеристична е со силниот мирис, поради големиот процент на етерично масло. Затоа билката е ценета и се откупува.

Според библиската приказна кога била чумата, Бог на Мојсеј му рекол на луѓето да ги кадат домовите со оваа билка за да може духот на Бог да навлезе во нивните домови и да ги заштити од чумата.

Според науката, кадењето ги уништува бактериите во воздухот и штетните материи слично како жалфијата. Билката уште ја викаат и лек за сите болести. Евреите ги каделе храмовите, бидејќи оваа билка се смета за света.

Билката се употребува во лековити цели. Се бере цветот со листот. Таа е билка број 1 за респираторни заболувања како астма, бронхитис, туберколоза, воспаление и инфекција на дишните патишта, кашлица и др. Го подобрува варење на храната. Помага при жолтица и во форма на препарат приготвен, за мачкање на делови од телото после мозочен удар. Се користи и како зачинска билка за супи, салати, варива или месо.

Рецепти:

1.Чај – 1 кафена лажичка билка се попарува со 250 мл. зовриена вода, отстојува 20-30 мин, поклопено, а потоа се процедува и се пие по 3 чаши на ден, 30 мин. пред јадење.

2.Пулмо Микс за белодробни заболувања – туберкулоза, астма, кашлица, исфрлање на слуз, пневмонија – 30 гр. Божји дух, 30 гр. мајкина душичка, 30 гр. анасон, 30 гр. плуќнак, 30 гр. босилек, 30 гр клека бобинки, 20 гр жалфија, 20 гр. ѓумбир во прав и 20 гр. каранфилче мелено. Сето се меша. Две супени лажици од смесата се попаруваат со 500 мл. зовриена вода. Отстојува 20-30 мин поклопено, а потоа се цеди и пие по 2 – 3 чаши на ден. Може да се додаде 20 капки прополис или 20 капки тинктура од Сремуш. Се пие 7 дена со 2 дена пауза.

Loading