АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Високите цени најтешко ги поднесуваат најниските слоеви.

*

Кој ќе се бори против ламјата кога им се преполнети џебовите?

*

Подобро поминуваат оние кои за власта креваат два прста наместо цела рака.

*

Кралевите се кочоперат, а дворските шутови – владеат.

*

Во лулката на демократијата изгледа уште има бебиња.

*

Во трката за профит папсува – човекот!

*

Треба да се осмелиш за да се смееш.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading