Шах
Во Залакарош (Унгарија) заврши Отворениот меѓународен турнир на кој имаше учество и ФИДЕ-мајсторот Роберт Велески. Единствениот прилепчанец и македонски претставник се пласира во горниот дел од табелата, на 27. место меѓу 69. На 9 партии освои 5 поени, претрпувајќи 3 порази, ремизирајќи 2 пати и постигнувајќи 4 победи.
Победник на турнирот е ВМ Мејлис Анабердиев (Туркменистан) со 7 поени.