Од Прилеп до Темишвар, Романија, со автобус не се патува долго. Околу 12 часови. Кога ќе се премине српската граница, во романскиот дел, се забалежува ЕУ. Пречекува чиста и средена граница, убава природа.

Темишвар е прекрасно големо населно место, прогласено за европски град на културата. Тоа е видливо на секој чекор. Локалните власти се погрижиле да биде претставен во вистинска светлина. Градот има богато културно наследство, архитектура, историја. Идеален е за прошетка, низ која се открива архитектурата, уредените и чисти улици, парковите, природата. Затоа го нарекуваат Мала Виена.

Темишвар е трет град во Романија. Името го добил по реката Тамиш, која некогаш течела низ градот, а сега тече реката Беге. На двата брега изградени се шеталишта за одмор и релаксација. Најбројни се Романците, па Унгарците. И срскиот јазик не е редок, оти го посетуваат многу соседи.

Романската православна соборна црква или катедрала доминира над градот со 90 метри. Таа е препознатлив симбол. Крената е меѓу 1936 и 1946 година во срцето на градот. Посветена е на Светите три ерарси. Предизвик била градбата, зашто било време на големи општествени промени на архитектот Тојанеско. Била осветена и отворена во есента 1946 година. Катедралата е единствена по комбинацијата на традиционални и модерни елементи. Мешавина е на византиски и молдавски стил, со многу столбови и се простира на површина од 1500 м2. Фасцинантна е со фреските, иконите, иконостастасот… Импресивен е мозаикот. Внатре е музеј со моштите на романски светители. Не е само верски центар, туку важно историско место, бидејќи оттука во 1989 година почнал отпорот против комунистичкиот режим. Заради архитектурата, сликарството и скулптурите прогласена е за споменик на културата.
Темишвар има три плоштади – Победа, Слобода и Обединување со значајна улога низ историјата. Плоштадот на Победата е централно место. Уреден е со статуата на Ромул и Рем со волчицата, во средината. Понатаму е и фонтаната со паркот. Околината е “декорирана” со продавници, кафулиња… На крајот операта. Под истиот покрив се романски, унгарски и германски културни институции. На плоштадот на Слободата е споменикот на народниот херој и борецот за слобода Декабел, последниот крал на Дакија. Околу се театарот и музичката академија. Патот води кон плоштадот на Обединувањето. Тој е настар од барокниот период. Тука е Српската соборна црква, а од другата страна Римокатоличката црква. Двете се посветени на Св. Ѓорѓи. Откокнуваат шарените фасади на околните објекти, што се знак на обединување на двете религии. Различните цркви се единствено блиски од било кој друг град во Европа. Во средината е споменикот на Св. Тројца, во знак на завршување на епидемијата со чума.
Атрактивни се музеите на револуцијата и на банатското село. Низ централниот парк плови бротче низ водите на реката Бегеј. Откако се задоволува љубопитството, се ужива во некој од рестораните и кафулињата. Главен е романскиот специјалитети – чорба, мамлага (качамак). Се нуди и романско вино, а за десерт секако да се вкуси колачот папанаж.
Текс и фото Каролина Мицевска