“Со рачни вештини до сопствен бизнис”.

Во СОУ “Ѓорче Петров” се реализира иницијативата за јакнење на женското претприемаштво

Градоначалникот Борче Јовчески беше домаќин на Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија. Зборувале за продлабочување на соработката и поддршка на локални иницијативи кои промовираат економски развој и самовработување. Во СОУ “Горче Петров” се рализира иницијатива за јакнење на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост, поддржана од словенечката амбасада во Скопје.

– Го поддржуваме јакнењето на улогата на жените во општеството. Најдобро е преку претприемништво, развивање на самостојност,  јакнејќи ја економијата. Тежнееме да бидат посамостојни и да придонесуваат во нивните семејства. Цел се жените од ранливи категории од различни групи и млади да се пронајдат, но и да ја продолжат традицијата на везење, шиење, да се надоградуваат, да одат на пазарот на трудот, ја јакнат економијата и да прават нешто добро за себе – посочи амбасадорот Прескер.

Учениците од текстилно – кожарската струка преку работилници и семинари учат како да ги подобрат вештините на занаетите, запознавајќи се со техники за градење на сопствен бренд. Совладуваат знаења за моделирање, дизајнирање и изработка на облека… Учениците треба да знаат дека некогашната облека се изработувала рачно.

Проектот е дел од програмата “Со рачни вештини до сопствен бизнис”.

Loading