Фудбал: Победа
Екипата на Победа со 33 бода го освои 12. место во Втората лига. Обебеден е опстанок. За клубот со историја тоа не е некое достигнување, но му значи на младиот тим.
Клупски стручњак Стојанче Дунимаглоски вели дека е завршена добра работа со најмладава екипа.
– Децата ја искористија шансата. И јас како млад тренер. Постигнавме 8 и примивме 8 гола. Тоа не е плод на тактички затворена игра. Игравме со висок пресинг, напаѓачки, со создадени многу шанси. Екипава ше ќма посериозна улога наесен – вели Дунимаглоски.
Клупскиот одмор е меѓу 1 и 5 јули, кога ќе стартуваат подготовките. Интересен ќе биде преодниот рок од 15 јуни до 6 септември. Се очекуваат засилувања, нови играчи во Победа.