“Поезија во движење” од Тони Трипуноски – Геџо

Изложба

“Поезија во движење” е името на изложбата на фотографии од сограѓанинот, Тони Трипуноски – Геџо, кој живее и работи во Австралија. Ќе биде отворена вечерва во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”.Промотор ќе биде актерот Игор Трпчески.

Тони – Геџо почнал со филмска фотографија. Преминал на дигитална фотографија, опсервирајќи ја човековата природа. Секоја фотка носи приказна.

– Фотографиите се поезија, напишана на лицата на луѓето, на спонтаните насмевки, откривајќи ја дуќата. Фотопатувањето отсликува животна филозофија, документирајќи го секојдневието – пишува во образложението.

Loading