Фељтон: Томе Велјановски
Дома веќе е средена трпезаријата, се припрема работата за ручек на гостите. Слугарите Аце, Благоја, Китан, Живко, Цане и повеќе жени меѓу кои куварката Менка и ќерката Илинка е завршена сета работа за ручек. Гостите се поседнати на местата за ручек. Големиот девер Гоце со неговата жена, деверицата и невестата Верка со едно сито во рацете кај деверицата започна редум од кај свекорот Крсте да им подаруват на секого по едно марамче – шамиче за ручекот за да го имат за во секој случај. Некој остава бакчиш, пари во ситото.
Седењето за ручекот по трпезите беше многу интересно. На чело на машката, седи свекорот Крсте, лево од него до него седи нункото Степан Мурџески, до него седи големиот девер Гоце Саљо, до него седи старосвато Методија Мамалига, до него седи наместо малото деверче Ѓорѓија – Гога сега Џорџ, седи неговиот родител Алексо Атанасоски Танески. Надолу до него седат Црничките гости по Узуните од Ерековци до нив седат Ванѓел, Богоја, Петре, Благоја Кржески од Подмол, до нив Секуловци од Ношпал. Пецо Ѓекоски, Трајан Саљо, Јанкулоски Трајан и Методија, Јанкоски Блаже, Богданоски Драган, Бозгески Драган Џелино. На долното чело седат свирачите Васил и Тоде.
Десно од Крсте седат Јолески Божин, Маркоски Петре, Здравески Атанас, Колески Ќире, Бошески Борис протуѓерот, Петрески Ванѓел Бабјак, Јованоски Димитрија, Василоски Милан Јанкоски деленица нивни законџија во минатото време Јанкоски и марулски идол, Јанкоски Ладе и Дончо тоти Китан, Цане и Живко и на крајот Алексо Кадичето.
Женската трпеза е сочинуват на чело е свекрвата Крстејца Дуна, потоа нунката Степаница Божна Мурџеска, големата деверица Гоцејца Трајана, старосватицата Методица Петкана Мамалигоска, малата деверица Алексовица Спасија Танеска, сестрите на Крстејца Дуна, Доста, Љуба од Стојанка со детето Ванчојца Васка Павлеска, Цветанка Бошеска, Ванѓелица Мара Бабјакоска, Јанкоска Китаница Милица, Јанкоска Цанејца Драгица, Јанкоска Богданова Најденка домазетицата, Јанкоска Блажејца Ѓурѓа, Јолеска Благојојца Илинка, Бозгеска Драганица Драгана Јанкоски по род, Здравеска Трајаница Таса Саљо со детето Душан, Џелиноска Миланица Катерина Јанкоски по род. Јанкулоска Добра со сната Трајаница Мара, Ѓекоска Пецојца Менка со децата Спиранка, верка, нада, Гоце, Узуноските жени Алексојца, Тренчојца, Благојца Павлина свеска на големиот девер Гоце Саљо. На ова веселба не беа видени Јанкоски ради и тоа Анѓелеска Алексојца Милица, Петреска Веселка Ванчојца и Ристеска Ладејца Донка Јанкоска поради има мали деца ближни Јанкоски пород.
Поради собата беше премала за толку гости слугарите поставија две трпези и столици надвор пред куќата, од се што треба да се услужат за ручекот. Гоце деверот со неговата сопруга со ситото в раце полно со шамичина и невестата Верка и на сите поседнати гости им подарува шамичина, марамчина за ручекот воедно им го благословуват ручекот. Откако се завршија работите со припремите, стана домаќинот Крсте, даде благослов за да се почни со ручекот. Многу млади гостинчиња руча на надворешните трпези. Седна да руча и слугарите Аце, Живко, Ванчо, Китан, Благоја. Тие прво си најдоја привремена замена , сите од родот Јанкоски, Најденка, Илина, Бојана, Ракида и Стева.
Гостинчината од с. Чумово, Бошески Веле, Толески Петре, на мајка ми Веле и е внук од прв брачед додека Петре и е внук од сестра, додека Јоноски Ладе нивни другар и верен пријател на Коле Павлески. За ручек отидоја кај Коле групно на ручек. Мајка ми Неда на тоа реагираше како непоштовање на родството. Ние нејзините деца на таа нејзина реакција и дадоме советување да тие се млади, си одат по нивниот интерес.
Во пролетта 1955 година, тој нејзиниот внук, осумнаесетгодишниот Петре, мајка му, тетка Мара го прати со магарето од кај нас да земи црепни земјени за печење црепнарски леб, погачи под вршник. Петер младо момче лично овчарче гајдаџија ербап, отворен во секој поглед. Комшивските девојчиња Аргида, Драгана, Зора, Илина, Најденка дојдоја во дворот наш да го видат гостинот и запознат со него.
Беше како беше во разговорот младеш. Девојчината во пратна го испратиле до Кладенецот во Горник. Петре и осумнаестгодишната Најденка негова врсничка си фрлија привлечни погледи, се заиткале. Кога беше венчавката на братот и Трајче со Верка, Петре скоро дојден од ЈНА па му излезе прилика да се сретнат, видат со Најденка.
Откако завршија со ручекот во дворот пред многу народ се развива голема веселба, наизменично ора и песни. Стрико е на невестат Верка го донесе павлеските девојчиња и децата на веселбата. Тој расположен за ора и песни не напушта. Ќерка му Спасија и Горица исто така оро не пропушта. Еснафите на Јованче му велат, ти недојде дома кај свато за да не го осиромашиш. Не, му одговори поучно, не се лутам за ништо, ако се лутам не доваѓам овде со децата наши. Видете да децата влегуват и дома, ние не сме некоја ајдучка куќа. Него сме домаќинска куќа со традиција оставена од нашите постари баби и дедовци. Чекаме да се средат децата со венчавањето. Ќе направиме развратни гости – првичина, ќе ги поканиме прво ние нив, потоа ќе не поканат тие нас и со тие развратни гости првичина вратите ќе ни се отворат. Јованче ги изрече неговите мисли и се фати на оро до старосвато Методија Мамалига.
Денот со топло сонце. Народот развеселен ора и песни едно за друго се редат – менуват. Меѓусите играорци с епојави Јанкоски Дончо, внук од брат на Крсте, поднапијан сака едно машко тешко за рамо да изигра. Дончо природно никогаш не бил ораџија, сега поднапијан, алкохоло го тера да го направи тоа чудо. Свирачите му засвирија едно тешко за рамо, оро. До него се нафатија добри ораџи, Методија Мамалига, Јованче Павлески, браќа му Китан, Цане, Благоја Јолески, Благојојца Илинка, Живко Најдоски, Алексо и Јован Танески, Бабјаците Ванчо, Митре, Томе, Пеша, Црничаните, Ношпалци, Узуновци, Кржевци и многу повеќе од марулскатамладина од женски и машки пол.
Дончо оро ќе води додека брат му Ладе назад фатен на кецот и вика, терај крадаш. Орото никако да тргни, стој ороводачот Дончо на место. Дончо с еправда , не можид а тргни напред се додека братот Ладе го влечи назад и налутено проговори.
Дојде жената му зора ораџица како ороводач, орото тргна, големо развиено со голема веселба како кај ораџите исто така и кај сеирџите со голем аплауз. Старите велат, з асе треб адарба. Дончо се правдаше да сета забуна била направена од водачот на кецо од брат му Ладе поради орото го влечеШе назад. Како и да беше, народо направи виц изрека. Дончо напред тешко оро води, брат му Ладе орото го влечи назад.
Времето одминуваше, веселбата продолжуваше. Сонцето го прекрши денот. Дојде пајтонот за Црничките гости – свадбари. Гостите земат збогум со домаќините и си заминува. После нив истото го прават ѓекоските, Ношпалските, Ерековчаните. За кратко време сите јабанџи, странските гости свадбари замина. Остана законџите и селските свадбари, веселбата продолжи, се до касно вечер.
Продолжува