Средното економско училиште “Кузман Јосифоски –Питу” е перспектива на полуматурантите
Во ерата на брзи технолошки промени и поизразена дигитализација, компаниите ја препознаваат вредноста на практично обучен и прилагодлив кадар. Затоа, средно економското училиште “Кузман Јосифоски – Питу” не само што се стреми да ги следи овие трендови, туку и креира програми кои ги опфаќаат економијата, правото, трговијата, дигиталниот маркетинг, туризмот и организацијата на настани и анимации, подготвувајќи ученици за професии на сегашноста и иднината.

– Компетенциите на иднината не се веќе “дополнителни”. Тие се нужни. Дигитална писменост, комуникациски и организациски способности, креативноста, социјална интелигенција и лидерство се градат кога се пречекорува училишниот праг, од првиот ден. Преку партнерства со компании, локални бизниси и институции, создадовме мост меѓу образованието и реалниот свет – вели директорот Христина Бозоска Николоска.

Идните туристички водичи, организатори на настани, правници, економисти и маркетинг експерти веќе совладуваат градива како да го направат светот подобро место или барем како да организираат настан кој сите ќе го паметат, да продаваат со стил и да управуваат со пари како професионалци.

Да се биде дел семејството на “економското”, значи да се препознае иднината. Не било каква, туку креативна, смела и полна со можности. А иако не знаете што е “бруто домашен производ”, не грижете се, ќе научите. Или барем ќе знаете како да направите буџет за следниот училишен настан.

Покрај традиционалните насоки, се нуди профилот за бизнис администратор. Со 4 години образование можно е да се биде правен и економски техничар. По половина од стручните предмети се правни и економски. Учениците 4 дена се на училиште, а еден ден на пракса во фирми, институции, компании. Стекнуваат вештини за архивирање на документи, средување на документи, сметководствени работи што ќе им се можност да решат дали да продолжат на право или на економија.
Со профилот бизнис администратор се добиваат знаења во бизнисот, како да раководи со бизнис, како се продолжува. Се стекнуваат вештини во комуникацијата со другите луѓе.
Профилот за продажни услуги е единствен со 3 години образование. Овозможува повеќе практична настава, 3 дена теорија и 2 дена пракса. Учениците посетуваат елитни супермаркети. Добиваат препорака од вработените за идно вработување, ако се успешни. Вниманието се насочува на однесувањето, љубезноста, културата вниманието на купувачите. Можно е продолжување на години каде добиваат дипломат за економски техничар. За покажан солиден успех добиваат стипендија од 3.500 денари.
Во дуалната паралека економски техничар се совласува статистика, економија, бизнис менаџмент, банкарство и сметководство во 4 години. Се одобрува стипендија на сите ученици. Има и пракса. Има и феријална пракса 10 до 20 дена за време на летниот распуст. За овој профил се добиваат 3.500 денари стипендија, 9 месеци за таа година. Праксата почнува од втора година, 1 ден пракса, а во 4 година 2 дена пракса и 3 дена обично школување на училиште. Компаниите, како маркети поттикнуваат со додаток на стипендијата.
Е-техничар за маркетинг е нова насока. Може да има повеќе предмети за усовршување како деловен англиски, бази на податоци… Сите ученици стекнуваат стипендија од 3.500 денари, ако имаат успех од многу добар или одличен. Можно е работно ангажирање без факултет. Има и предност на факултетите за програмирање и графички дизајн.
Правен техничар е профил за 4 години. Се стекнуваат знаења од од правната материја, со сите правни гранки како уставно, казнено, граѓанско, трговско, трудово, меѓународно, семејно право. Се посетува практична настава во судот, адвокатски, нотарски, извршителски канцеларии и многу други државни органи во нашиот град.
Наставници постојано ги поддржуваат, мотивираат и ја поттикнуваат и креативноста за да бидат успешни и да создадат лична богата кариера”
Аниматори
Годинава нова насока е профилот техничар за настани и анимации во траење од 4 години. Се стекнуваат вештини за организирање на настани, се откриваат тајните на графичкиот дизајн, анимации, фотографија… Завршените ќе може да бидат ангажирани како организатори на свечености, настани, во медиуми, во маркетинг, туризам…