Пинг-понг
Се игра финалната серија од плејофот за добивање шампион во Супер лигата на Македонија. Се среќаваат Младост 96 (Прилеп) и Крива Паланка. Првиот меч беше во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Гостинот го доби со 4:3. За Младост Србинот Ѓорѓе Борчиќ освои 2 партии, Андреј Лашкоски една, а одигра уште Антонио Стомнароски и двојката Ѓорѓе Борчиќ/Андреј Лашкоски. За Крива Паланка партии добија Ѓорѓе Петровиќ 1, Кристијан Станојковски 2 и двојката Ѓорѓе Петровиќ/Кристијан Станојковски, а одигра уште Александар Јакимовски.
Викендов е реваншот во Крива Паланка, каде со триумф на Младост 96 се изнудува трет дуел во Прилеп.
На ред е реваншот во Крива Паланка. Клубот-домаќин се уште нема одредено датум. А прилепчаните со нетрпение чекаат за да знаат кога имаат шанса да возвратат и така да се изборат за трет меч. Првиот натпревар навестува голема борба за титулата до самиот крај на серијата.а ред е финалната серија од плејофот за добивање шампион во Супер лигата на Македонија. Се среќаваат Младост 96 (Прилеп) и Крива Паланка. Првиот меч е на невообичаено место, во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Таму се игра повеше години, децении… Претходно пинг-понгот беше во пингпонгарската сала, во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и во ОУ “Добре Јованоски”. За Младост 96 настапуваат Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски и Нико Доага, а тренер е Гоце Тошески.
Претходно, во полуфиналето, Младост 96 беше подобар од Астраион во Струмица со 4:3, а Крива Паланка од Телеком нец 2 во Скопје со 4:2.