Турнир во Прилеп
На Третиот гран-при “Прилеп 2025” со 14 учесници победи 23-годишниот Алекс Насков со 5 поени од битолски Штајниц. Рамен на него со исто толку поени е 17-годишниот прилепчанец Никола Павлески, нов член на скопски Алкалоид. Третото место го поделија Марјан Дамчески, Дејан Ѓорѓиески и младиот Стефан Јакопетрески, сите со половина поен помалку.
Прв пат имаше и Фишеров шах (шах 960) што наидува на одличен прием.