Даниел Мелвил – Македонска рапсодија 79

04.30 ч.

Телефонира во окружната болница. Му одговорија дека скршената нога од Марина ќе биде оперирана. Состојба не е опасна. Ја чуваат оти се обидела да се самоубие.

Се слушна тапо паѓање на првиот кат. “Пак Гркинката!” – извикна во себе и почна полека да се качува. Таа лежеше во ходникот. Премногу кусата пижама не ги покриваше прекрасните бутови. Беше предизвикувачка. Ја крена нараце и почна да ја носи кон собата. Таа се однесуваш нормално, но ноќе правеше слични работи. Сé на неа дишеше чистотија, нега, младост и… секс. Кој би рекол дека родила три деца!

Додека ја носеше, нејзините раце беспомошно висеа. Таа му шепотеше: “Те сакам, ми се сака маж. Ожеднета сум… Ожеднета сум… Не знаеш како ми е!”.

Ја спушти на креветот и тивко ја затвори вратата. Младата жена продолжи нешто да шепоти во мракот.

05.15 ч.

Дојде болничарката-шеф. Со Розев ја искапија умрената Полка и ја облекоа. И ја средија собата. Ја ставија во креветот. Старата имаше чуден изглед на лицето. Нешто како шегаџиско-лукава насмевка и едновремено како да се намуртила правејќи напор да подстани. Главата како да í беше дигната над перницата. Ги затворија пердињата и ја заклучија собата. Сé беше спремно. Требаше да допатуваа тќерката со сопругот од Полска.          Болничарката се врати во својата соба, оти нејзиниот работен ден почнуваше дури во девет саатот.

07.00 ч.

Розев ја почна посетата по собите: мерење на притисок, на температурата и на пулсот. Резултатите ги запишуваше во тевтерче. Смени некои влажни чаршави и излуфтира некои соби. Го дополни и го потпиша извештајот за минатата ноќ.

07.55 часот

Сношната болничарка пристигна на работа. Беше модра под очите и се гледаше дека немала баш многу спиено. Не носеше очила за сонце. Ја извести за ситуацијата и ја праша:

– Дали сé испадна добро?

– За што зборувате?

– Па за состанокот сношти. Жалам што не бев на местото од момчето кое не ве оставило да спиете.

Таа се вцрви и рече:

– Може да се среди друг пат.

– Ќе се договориме, Брзам, пријатен денот! – í рече и скокна до машкиот павилјон да го види Американецот. Ноќната болничарка веќе заминал. Дневниот персонал забрзано спремаше лекови и сервиси за појадок. Низ џамовите од вратата погледна во собата. Болниот седеше на голото душеме облеан со пот од тропање и викање. Изразот на очите му беше молбен, плачен. “Добро”, помисли Розев, сеќавајќи се на зборовите од еден колега. “Волјата за отпор му е скршена. Ќе може да се лечи”.

Со колата стаса русокосата болничарка од машкиот дел. Стројна и висока одеше поднаведена, а ветерот играше со нејзиниот чадор. Ја запре колата и ја отвори вратата. Го позна, влезе и го затвори чадорот.

– Брзате ли? Дали сте мажена?, ја праша. 

– Маж не ме чека дома, не сум мажена. Не брзам баш многу. Зошто ме прашувате?

– Одиме на кафе кај мене.

Таа заусти нешто да кажи, ама ништо не рече. Во нив имаше собрано доста работи. Можеби се плашеа од осаменоста. Во станот, Розев ја заклучи вратата. И помогна да го соблечи мантилот. Раце полека му се спуштија од нејзините раменици до колковите. Одеднаш се нафрлија диво еден-на-друг.

Loading