АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со дилетанти, само дилетантска држава  може да има.

*

Правдината не се дочекува во чекална.

*

Во шума од институции може да се загуби секој закон.

*

Ако сме гости на овој свет, треба да знаеме и почитуваме бонтон.

*

Тонеме секојдневно иако немаме море.

*

Нема власт со мафија во власта.

*

Во паралелен свет не може да се живее паралелно.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading