Шах
Во Залакарош (Унгарија) во тек е Отворен меѓународен турнир на кој учествува и ФИДЕ-мајсторот Роберт Велески. Прилепчанецот, единствен македонски претставник, ги има ривалите од: Унгарија, Хрватска, Чешка, Англија, Германија…, а има еден претставник на ФИДЕ. Во првите 4 кола Велески има 2 пораза од Англичанец и од Унгарец и 2 победи против Чех и Молдавиец. Петти ривал му беше фидемајсторот Имре Цала од Унгарија. Вкупно се 69 шахисти, меѓу кои 4 велемајстори.
Турнирот трае до недела, кога е последното, 9. коло.
![]()

