Ракомет
Иако досега екипите Прилеп и Куманово имаа ист број бодови на табелата од плејаут-фазата на Супер лигата на Македонија, на последниот дуел се виде дека квалитетот е на страната на прилепскиот тим. Екипата Прилеп го доби дуелот со убедливи 28:23, а на полувремето беше 16:12. Најефикасни: Томислав Квастек со 8, Владан Кастратовиќ со 5, Денис Шабановиќ и Никола Шипинкоски по 4 гола.
Табела: Пролет 15, Прилеп 13, Куманово 11, Радовиш 9, Струга 6, Борец 2.
На 4 јуни Прилеп е гостин на Радовиш.
![]()

