Ридарските пензионери
Здружени, добро расположени, пензионерите од Рид често се собираат во клубот на месната заедница. Се договараат, одредуваат кој што “ќе сработи”, кој ќе нарача јадење, кој ќе ја одбере музика… Си собираат пари и, едноставно, се веселат. Со разговор меѓу соседите, пензионерки и пензионери, забораваат на секојдневните маки што им тежат со староста. Забораваат и на некои ситни расправии како комшии, со некоја чаша за здравје, покрај трпезата од која може прстите да се излижат. Последниот пат гоштевањето го збогатија со ширден. Си дозволија “луксуз” со препознатливиот специјалитет. Со вкусот и мискојната во сопствена режија, уживаа во муабетите и дружењето. Заборавија на ниските пензии, на скапите лекови, на здравствените грижи…
Според, претседателот на разгранокот Благоја Ангелески, пензионерите пак ќе се дружат, ама во манастирот Св. Илија во селото Дрен. Договорени се летово да организираат уште многу средби. Нема да изостанат и ексурзиите.
Ридарци стануваат урнек за “колегите” од другите разграноци како ведро и оптимистички се носат со годините.
![]()

