Почнува финалето

Пинг-понг

Стартува финалната серија од плејофот за шампионската титула во Супер лигата на Македонија. Се среќаваат Младост 96 (Прилеп) и Крива Паланка. Првиот меч е на невообичаено место, во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Таму се игра повеќе години, децении, а претходно пинг-понгот беше во пингпонгарската сала, во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и во ОУ “Добре Јованоски”. За Младост 96 настапуваат Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски и Нико Доага, а тренер е Гоце Тошески.

Во полуфиналето, Младост 96 беше подобар од Астраион во Струмица со 4:3, а Крива Паланка од Телеком нец 2 во Скопје со 4:2.

Loading