Фудбал
Ждрепката во ФФМ го извлече Големо Коњари за да биде учесник во Втората лига на Македонија. Клубот се враќа во ова второлигашко друштво по 31 година, бидејќи некогашното Братство три сезони одигра во овој ранг – 1991/92, 1992/93 и 1993/94. Ждрепката се случи по бараж-мечевите во кои поуспешни беа Шкендија (Арачиново), Слога (Виница) и Тетекс (Тетово) наспроти Осогово (Кочани), Преспа (Ресен) и Големо Коњари. Тука Г. Коњари немаше среќа, загуби на пенали од Тетекс, а во основниот дел изваде 2:2, со двата гола на Беким Алимоски. Ждрепката беше среќна уште за Осогово, а единствено отпадна Преспа.
Големо Коњари претходно го освои 1. место во Третата лига – Југ. Со нетрпение се чека ждрепката за распоредот, за да се види кога ќе се сретнат меѓу себе двата претставника на ОФС Прилеп, Г. Коњари и Победа.
![]()

