Фељтон: Томе Велјановски
Во пролетта 1954 година државните власти одзедоја 300 хектари обработлива површина од марулскиот сињор, оснива гранка под името Лозар. С. Канаталрци. Од тие 300 само 100 хектари беа употербени за нас од за лозова прачка. Останатата земјина површина никогаш не беше употребена, стоеше ораница.
Додека земјата беше во приватна сопственост на селото Марул беше работена со запрежни воловски ѕевгари, жниена со српови, вршена со коњски сили, прехранувана со арско ѓубре, жнеена со платени аргати. Една вреќа марулска пченица тежела до 120 кила остананатите пченици на пазарот тежеле ексак од 100 кила колку што била мерата од вреќата. Струнена вреќа, марулската пченица не фаќала какол или блувајца, била чиста како ориз. Од целокупната марулска вршидба се добивало житен приход на 550 000 кила чисто жито. Во тоа време селото броело 29 домаќинства, времето пред Втората светска војна.
Во пролетта во 1955 година еден мал дел од одземеното земјиште се рилаше за садење на лозови насади. Тука работеше како тракторист марулецот Тошески Божинов Веле Јолески, орач со трактор гасеничар, долга парцела од горниот пат битолско до долниот пат Канатларци – Подмол во должина близу еден километер.
Ние деца марулски воловарчиња одеме во групи по четири Веле не качуваше на тракторот и не возеше додолу до долниот пат и не враќаше назад до горниот пат, едни слеваме, други се качуват напред, назад, па трета група напред, назад, на таков начин времето побрзо ни одминуваше преку денот многу задволни бевме.
Наближуваше денот пладнина, се даде глас, тропна црквената камбана да е свештеникот Смилевски Ванѓел дојден в црква за венчавање, младоженците Трајче и Верка. Ванѓел свештеникот си имаше одредено неколку куќи во селата каде одеше на конак и Павлевци Долните Јоновци, Танески Крсте, Јованоски Лазар Тодороски кај Мицевци Таневци, кај Трајан Танески. Сега го оставил коњот кај Крсте Танески. Ванѓел свештеникот велеше да неговиот коњ за престо во овие куќи се осеќал мирен како да е дома. Кај Павлевци Јоновци од нивниот пречек домаќински што се веле народна и царот би прифатил за психички престо кај Јоновци. Кај Крсте Танески добар домаќин за пречек и добар муабет. Кај Тодоровци исто така добар домаќинлок и домаќинката Пауна е Пупеска од Добрушево. Кај Таневци Мицевци по традиција уште од времето на Стојче стрико му на Трајан неделени. Со Трајан уште по комуникативни, добар, гостопримлив домаќин, обезбеден сигурен прием како за човек, исто така и за добитоко. Додека Трајан е на повеќе начини поврзан со Добрушево има ќерка мажена во Добрушево и две сестри. Едната сестра Благуна е мажена за Стеван Смилески Ванѓелов деленица. Исто така Трајановата сна Алексојца Спасија е добрушевка, сега се мали девери кај Јанковци по баба е Ката Јанкоска, мајка на спасијовата мајка Сребра. Поворката од свадбарите е готова, спремана и тргнува на пат за в црква за венчавање на младоженците Трајче и Верка облечени во свечана нова руба, носија. Трајче е облечен во темно сив костум со кармат и бела кошула, црнио чевли. Додека невестата му Верка облечена е во терзичка кошула сусо црно вермеле, терзичка грлка, градник со везани бели ракавчиња како продолжеток на ракавите од кошулата со сатче и прстен на раката.
Поворката со свадбарите тргнува нагоре под фумното Илијоско Јанкоско за н агорниот пат. Напред оди нункото Митрески Степан Мурџески уруглицата развеана од руско производство подарена од Руското конзуларно аташе во Битола во 1902 година. Само што излегоја на горниот пат над гумното од Димитријовци во правец према џукевото место за кај црквата, писна музиката со свадбарската мелодија, се истрча свадбарите црничански, ношпалски тоти узумите од Ерековци, подмолски, штавички дел од марулците започнаа со весели ора и песни, одат напред пред младоженците и законџите, земјата се треси под нивните нозе.
Повеќе жени беа зафатени со црквени работи. Нунката во торбата е носи погачата. Големата деверица во сито ги носи сите дома подарени букети цвеќиња за плодност на младоженците. Малата деверица носи сито в раце, помешано жито со разни бомбони. Штотуку поворката од свадбарите наближија до Оревската река престана во мир и музиката и сите свадбари одејќи до црквата Рожденство на Богородица Мала.
Павлески Игне овчар молзничар, татко е на ќерка му Верка која ќе се венчава беше со овците во близината кај црквата штотуку е забележа поворката со свадбарите дека идат за в црква, ги потера овците нагоре по Горник за да не е види ќерка му Верка дека ќе се венчава. Тоа е стар христијански адет.
Уште незамината поворката з ав црква домашните слуги за да не заминат сеирџии за дома донесоја дв етрпези и столици, ги поставија пред куќата, ги наружа со мезиња, салати, бело сирење, тањири, вилушки и разни пијалоци, вино, ракија и сокови за растворање со муабет, мезалок и напивка, поворката е дочека да си дојди од венчавање на Трајче и Верка. Откако се завршија работите со венчавањето на младоженците, законџите односно свадбарите е напуштија црквата и го менија правецот за дома само што е прејдоја Горничката река, писна кларинето од Васил и тропна на враќање е сменет сега ќе се оди за кај Колевци преку средселото под Мурџевци право преку река Горничка – Оревска и во близината се Јанковци – Крстевци.
За целиот пат од кај црквата се пеат песни и играт ора. Свадбарите во дворот Крстески беа пречекани од многу бројниот присутен народ. Само што влегоја свадбарите од венчавањето во дворот големиот девер Гоце Саљо и неговата сопруга деверицата ги прошета младоженците Трајче и Верка направија средба со присутните сеирџи за да им го честитат венчавањето и бракот. Големата деверица носеше едно сито во кое многумина остава паричен бакшиш. Младоженците Трајче и Верка рачно се поздравува со сите присутни во нивниот двор.
После едно кратко време околу два сатот попладне домаќините се припрема за ручек за гостите. Во тоа време беше забележано доваѓањето екстра четирите марулски фамилии и тоа Бошеска Цветанка по мажо Борис Дојчиноски, Колески Кире, Јованоски Димитрија Курела и неговата сестра Петреска Ванѓелица Мара Бабјакоска.
Бошеска Цветанка Норизица е Јанкоска светијованка дедо је Боше Колески татко на татко е Марко заедно со Јанкоски Ѓорче, татко на Јанкоски Крсте биле крстени во иста вода кога се светувала марулската црква на 21 септември 1859 година.
Колески или Мојсоски Ќире раненик и е посинок на Колеска Крстејца Митра Мамалигоска тетка на Јанкоска Крстејца Дуна Мамалигоска на татко е сестра. На Јованоските деца Курелоски нивниот татко Анѓеле за време на Првата светска војна е убиен на дено Велигден во 1917 година во местото Добро Поле, Мариово. Нивната мајка Петра се премажува за комшијата вдовец Јанксоки Ристе на кого од глад од војната му умрела жената Спасија, му оставила две деца сирачиња, Велика и Ладе.
Ниваната мајка Петра сирачињата Мара и Димитрија ги оставила на догледување кај Јовановци при дедото Ѓорче стрико му Јован и стрината Јованица Ивана Шенгоска од с. Лопатица, прилепско. На децата Мара и Димитрија не им било тешко да е посетат во денот мајката Петра одалечена неполни триста метра. Јованоските деца кај Јанковци имале три деца сирачиња за играње со кој си правеле утеха. Велика и Ладе сирачињабез мајка Спасија Кочоска Сиџимоска од Подмол додека Крсте сираче без мајка Благуна Москоска исто така од с. Подмол. Та трагедија ги одржувала трагичен спомен па затова поканети од страна на домаќинот Јанкоски Крсте на свечениот ручек при венчавката на младоженците Трајче и Верка Јанкоски.
Продолжува