Животот!Ох!
Па, знаеме дека
Се смета оти животот
е загатка, но ние ги
креваме рацете од тоа
да ја решиме…
Ова се дел од стиховите од новата збирка поезија “Сцени од животот” од сограѓанката Марија Ѓорѓиоска. За првиот дел мотивот е голема љубов во поемата “Фани и Петар”. Вториот дел се стиховите “од мене, од тебе, од оние”, а на последните страници е хумореската “Недоразбирање”.
Авторката, елоквентно и едноставно ја “слева” душата преку стиховите и го пренесува секојдневието од животот.
Ѓорѓиоска твори многу години. Член на Клубот на литературни творци – Прилеп. Потпис ставила на кориците на 8 романи и 6 збирки раскази. Таа е и сликар со 500 – 600 дела и 15 самостојни и десетина групни изложби. Член е на ДЛУП.