Размена на идеи и искуства за продлабочување на економската соработка и иницирање заеднички развојни проекти беше суштината на посетата од делегацијата од збратимената Општина Тире, Измир од Турција, предводена од градоначалникот, Хајати Окуроглу. Заедно со претставници од Стопанската комора на Измир и на Прилеп, во присуство на заменик -министерот за економија и труд, Марјан Ристески и пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, се разговарало за потенцијалите што ги нудат индустриските зони во Прилеп – како можни локации за идни инвестиции од кои директна корист би имале граѓаните и локалната економија.

– Средбата претставува силен импулс за натамошна соработка меѓу двете општини – во духот на пријателство, заемна почит и заеднички стремеж кон економски напредок – рече гардоначалникот Борче Јовчески.
Турската делегација посети и неколку прилепски компании.
![]()

