Лидл во Прилеп

Големите трговкси синџири со свои маркети во Прилеп наскоро ќе добијат силна конкуренција со големата германска трговска компанија Лидл. Неофицијално дознаваме дека веќе се окончани преговорите со сопствениците на неколку приватни објекти и со локалната самоуправа за преземање  на окацијата на спојуањето на улиците “Александар Македонски” и “Димо Наредникот”, кај некогашните канцеларии на Комуналец. Сопствениците на приватниот имот веќе дале виза за продажба на неколку плацеви за да се оформи голем простор за маркт и за паркинг. Локалните власти ги завршуваат урбанистичките процедури, вклучувајќи сообраќаен влез со новиот кружен тек.

Уште не е дефинирано само времето за градба и старт на објектот.

Паралелно дознаваме дека Лидл мерка уште една локација во близина на железничката станица, каде е влезен во преговори со сопственикот на парцелата.

Loading