“ЛЕТ” НА НОЗЕТЕ…

Заборавете на деновите кога болките во нозете ве приковаа за креветот! Овој неверојатен природен лек е тајното оружје против реума, шилци и зглобни болки… Нозете ќе се вратат како некогаш и ќе чекорите без болка!

Потребни се  1 литар домашна ракија, околу 50 степени, 3-4 гранчиња рузмарин, 20-30 см, свежи или суви, 10 апчиња аналгин дробен, 10 апчиња ацетисал дробен, 5 грама ментол кристали достапен во аптека. Во чисто стаклено шише се тура литар домашна ракија. Се сечка рузмаринот на помали парчиња и се додава во ракијата. Се дробат 10 аналгини и 10 ацетисал во прав се додаваат во шишето. Се тура 5 грама ментол кристали. Се затвора шишето и добро се протресува да се измешаат состојките. Се остава на прозорец, на светлина, но не директно на сонце 30-40 дена. Секој ден се протресува да се растворат состојките рамномерно. По 30-40 дена, еликсирот е готов.

Се за употребува само надворешно. Не се пие! Се нанесува со крпа на болните места (нозе, раце, грб, зглобови) и нежно се масира. Се облекува топла облека или се завиткува местото со волнен шал, компресивен завој или топла облога. Најдобро е да се користи навечер пред спиење, кога телото се одмора и закрепнува. Се користи секојдневно 10 дена за целосен ефект. Доколку е потребно, повторете по пауза од неколку дена.

Ракијата ги извлекува лековитите својства на рузмаринот, познат по антиинфламаторните и аналгетските ефекти. Аналгинот и ацетисалот ја засилуваат борбата против болката и воспалението, а ментолот создава пријатно ладење кое преминува во топлина, стимулирајќи ја циркулацијата и релаксирајќи ги мускулите.

Овие состојки ги ублажуваат ревматските болки и шилците, враќајќи ја подвижноста.

За посилен ефект, се загреваат нозете со топла вода пред нанесување.

Loading