Илач за циркулација

Проблемите со циркулацијата можат да бидат предизвикани од различни состојби. Делумно се наследни, генетски фактори. Најмногу влијаат пушењето, дебелината, премногу шеќер, сол и маст во храната, алкохолот, недостатокот на физичка активност… Дијабетесот и хипертензија ги стеснуваат крвните садови и се создава задебелување, оштетување и намалување на еластичноста на крвните садови и таложење на масти. Се намалува протокот на крвта, предизвикувајќи разни тешки болести како срцев удар, тромбоза… Проблемите со циркулацијата во нозете, предизвикуваат трнење, отоци особено во подколеницата и околу скочните зглобови, болки, чувство на постојано студенило и многу посериозни проблеми.

Одлична превенција од инфаркт и мозочен удап, но и за циркулациј се испробани рецепти на народните лекови. Тие служат и за превенција. Плус го подобруваат памтењето, го намалуваат заморот, исцрпеноста и поспаноста.

Потребни се 50 гр. цвет од невен, 100 гр. жолт кантарион, 100 гр ивина трева, 100 гр коприва, 1 литар лозова ракија или вотка. Состојките може да бодат свежи или суви. Се сечкаат ситно и се складираат во стаклена тегла или шише. Потоа се преливаат со силна лозова ракија, целосно потопени. Сувите билки можеби ќе испливаат на површината, па првите денови ќе треба почесто да се протресува теглата. Лекот треба да стои 21 ден со повремено протресување. Потоа течноста се цеди се складира во друга чиста стаклена тегла или шише.

Се пие 1-2 полни супени лажици наутро и навечер, подолг временски период, со редовни кратки паузи.

Подобрувањето на циркулацијата се забележува после 1-2 седмици, од користењето.

Loading